Во поголемиот дел од земјата денеска и утре ќе се задржи многу топло време. Максималната температура денеска ќе достигне до 40-от степен, а утре до 39. Ув индексот ќе биде 9. Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 08.07.2021 12:27
-
Македонија 08.07.2021 12:20
МОН: Со средствата од субвенционираниот студентски оброк ќе може да се купува храна кај кој било трговец
Со износот од 2.400 денари којшто Министерството за образование и наука од октомври ќе им го уплаќа на студентите за субвенциониран оброк, ќе може да се плаќа кај кој било трговец. Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови.
-
Македонија 08.07.2021 10:44
Претрес во Тетово, пронајдени кокаин и екстази
Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 14 часот и 30 минути до 16 часот, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште, каде биле пронајдени кокаин, дигитална вага и МДМА (екстази).
-
Македонија 08.07.2021 10:41
Завршува пријавувањето за субвенции во рибарството
Сите субјекти кои набавиле подмладок во периодот од 1- ви февруари до 31- ти мај годинава имаат право на финансиска поддршка.
Висината на субвенцијата е 40 проценти од вредноста по корисник и може ја да добијат оние субјекти кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.
-
Македонија 08.07.2021 10:27
МВР: 206 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 08.07.2021 10:11
Продолжени за уште една седмица актуелните правила за влез во Грција
Правилата и предусловите за патување во Грција, што вклучуваат документ поврзан за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, а меѓу другото, важат и за државјаните на Северна Македонија, остануваат непроменети и се продолжени за уште една седмица.
-
Македонија 08.07.2021 09:43
Заев во посета на Атина, ќе учествува на конференција на „Економист“
Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Атина, Грција, а утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ - 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.
-
Македонија 08.07.2021 09:23
Нови заразени со делта сојот, ќе се вакцинираат и деца
Утврдено е присуство на делта сојот кај уште четворица пациенти за кои се чекаа резултати. Еден од нив е со потешка, другите се со лесна клиничка слика. Министерот Филипче уверува дека епидемиолошката состојба е стабилна, болните немале многу контакти. Сепак, се размислува за нови мерки.
-
Македонија 08.07.2021 09:07
Сончево и топло, температурата до 40 степени
Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
-
Македонија 07.07.2021 13:16
Вчера аплицирани 14.084 вакцини, прва доза примиле 9.493 граѓани
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 390.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.493 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.084 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 627.948 дози вакцини, а ревакцинирани се 237.322 граѓани.









