Министерката Радмила Шекеринска денеска престојува во еднодневна работна посета на Латвија, заедно со министрите за одбрана на Словенија, Матеј Тонин и на Црна Гора, Оливера Ињац. Домаќин ќе им биде заменик премиерот и министер за одбрана на Латвија, Артикс Пабрикс.
-
Македонија 07.07.2021 09:10
-
Македонија 06.07.2021 16:54
МЗ: Сите вакцини се ефикасни во заштита од тешка форма на болеста
Министерството за здравство реагира на дел од објавите и пренесени ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ „не штити од делта сојот“ и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина.
-
Македонија 06.07.2021 15:31
Албанските партии воздржани во однос на предлог- резолуцијата од ВМРО-ДПМНЕ
Албанските партии воздржани во однос на предлог- резолуцијата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за дефинирање на македонските црвени линии. Коалицискиот партнер во власта, ДУИ оценува дека истата нема потреба да биде усвоена во Собранието, велат би донела повеќе штета одколку корист.
-
Македонија 06.07.2021 15:14
Одбраната со завршни зборови за „27 април“
Обвинителството со ништо не докажа дека имало план, ниту пак дека сум учествувал во некаков наводен план, посочи Вељаноски во своите завршни зборови. Со Владимир Атанасовски сум немал никакви контакти, а со Јанакиески имав контакти додека беше министер за транспорт и врски.
-
Македонија 06.07.2021 15:01
Стабилизирана состојбата со Ковид-19 во тетовско
Значително намалени се и амбулантските прегледи на пациенти со симптоми на вирусот, чии тестови најчесто се негативни. И просторно и со лекарски персонал, сега Клиничката болница Тетово може повеќе внимание да посвети на пациентите со други дијагнози.
-
Македонија 06.07.2021 14:35
Тече вакцинацијата на наставниот кадар
Успешно се реализира вакцинацијата на наставниот кадар во североисточниот регион. На вакциналниот пункт во Куманово веќе се имунизирани вработени од над 20 основни и средни училишта од шестте општини.
-
Македонија 06.07.2021 14:10
Одобрени проекти за уште 36 општини од програмата ТАВ
Владата на денешната 85-та тематска седница го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ.
-
Македонија 06.07.2021 13:44
Сѐ уште трае истрагата за пожарот во струмички „Глобал“
ОЈО Струмица и по шест месеци од големиот пожар во ТЦ Глобал Струмица е со отворена истрага. Денес добивме информација дека сослушани се повеќе лица, прибрани се документацци и вештачења и ќе се преземаат мерки за расветлување на случајот, стои во известувањето од ОЈО Струмица.
-
Македонија 06.07.2021 13:34
Нови 16 случаи со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 2.873 тестирање, а регистрирани се 16 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1. Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.
-
Македонија 06.07.2021 12:44
Вчера аплицирани 14.818 вакцини, прва доза примиле 10.732 граѓани
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 380.624 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.732 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.818 граѓани.







