80- годишна жителка на тетовското село Жилче утринава загина во пожар кој избувна во нејзиниот дом. Со полесни повреди се здобиле нејзиниот син и снаа кои се обиделе да ја спасат, но било предоцна. Тетовските пожарникари спречија пламените јазици да не се прошират на соседните објекти.
-
Македонија 16.02.2021 12:54
-
Македонија 16.02.2021 12:44
Македонија во жолта алертна фаза, во Битола измерени -22 степени
Поради ниските температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе се задржат до сабота, Македонија влегува во жолта- алертна фаза.
-
Македонија 16.02.2021 12:10
Завршни зборови на обвинителството за случајот „Таргет-Тврдина“
Во скопскиот Кривичен суд, завршни зборови на обвинителството за случајот „Таргет-Тврдина“. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени над 4.000 телефонски броеви, без судски наредби.
-
Македонија 16.02.2021 11:42
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 608 пациенти со Ковид-19
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 452 празни болнички кревети во ковид центрите.
-
Македонија 16.02.2021 11:29
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 33 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 16.02.2021 11:07
Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време
Вчера околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости.
-
Македонија 16.02.2021 10:19
МВР: 178 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 16.02.2021 09:58
Утре почнува вакцинацијата против Ковид- 19
Утре и официјално стартува процесот на имунизација во земјава. Вакцината против Ковид-19 во модуларната болница на клинички, први ќе ја примат лекарите од црвените ковид- центри. Се чека потврда од лекарите преку „Мој термин“.
-
Македонија 16.02.2021 09:53
Владата ќе ја одржи редовната 45-та седница
Владата денеска ќе ја одржи редовната 45-та седница со повеќе точки на дневен ред од програмата за работа и од интерес на граѓаните.
-
Македонија 16.02.2021 09:39
Казнети 328 граѓани за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 328 прекршоци, соопштуваат од МВР.









