Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора светска економска сила, е најголемиот трговски партнер на нашата земја надвор од Европа.
-
Македонија 21.11.2025 19:08
-
Македонија 21.11.2025 18:31
Почна со работа Регионалниот центар за ментално здравје во Кочани
Во Кочани е отворен Регионален центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка како проект на Црвениот крст на Македонија финансиски помогнат од европските фондови. Осум месеци Кочани се бори со тагата и болката и потребата од ваков центар е повеќе од потребна.
-
Македонија 21.11.2025 18:14
Детско катче во КПУ „Идризово“
Над два милиони млади лица во Европа имаат родител што отслужува казна затвор. Не е мал бројот ни во земјава на деца чии родители се во казнено поправните установи. Тоа е удар за семејството особено за децата кои треба да го надминат бремето предизвикано од криминалот на родителот.
-
Македонија 21.11.2025 18:06
Поплави во охридско Орман, настрадаа куќи и ораници
Се излеа Коселска река. Десетина куќи во селото Орман под вода, со целосно уништена покуќнина. Поголемиот дел од нивите и пластениците се поплавени. Селото е отсечено поради надојдената вода.
-
Македонија 21.11.2025 17:39
Три години затвор за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар
Максимална казна, три години ефективна затворска казна за првообвинетиот гинеколог од струшката болница, Мухамед Асани, за случајот со родилката од Дебар која при породување остана без три органи. Судот денес му изрече и дополнителна забрана за работа во траење од пет години.
-
Македонија 21.11.2025 17:25
Редовен конгрес на ДУИ во декември по резултатите на локалните избори
Неизвесно е какви промени ќе донесе редовниот конгрес на ДУИ во декември по резултатите на локалните избори кога коалицијата предводена од Ахмети освои 4 градоначалнички мандати, и најавите за коренити реформи во партијата, на прашањето дали тоа значи промени во раководството кај интегративците,
-
Македонија 21.11.2025 17:11
Се зголемува бројот на пациенти со ретки болести во Охрид
Според податоците на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ во земјава официјално се запишани илјада и дваесет и три пациенти заболени од ретки болести.
-
Македонија 21.11.2025 16:58
Актуелниот генерален секретар на ДКСК, Адем Чучуљ - едногласно предложен за нов претседател на Комисијата
Се поизвесно е дека актуелниот генерален секретар на Антикорупциска, Адем Чучуљ ќе биде идниот претседател на Комисијата. Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит, најдобро оценет од Комисијата за избор и именување, со 96.5 од вкупно 100 поени.
-
Македонија 21.11.2025 16:43
Алиу: Нема повеќе вработувања со телефонски повик, лекарите ќе одат каде што има потреба од нив
Веќе нема да може да се повика министерот на телефон во кое било време, да се нарача специјализација, министерот дециден, таквата практика заврши.
-
Македонија 21.11.2025 16:30
Ново рочиште за случајот со Југослав Николовски, прегазен на пешачка патека на кејот на Вардар
Со изведување на докази и испитување сведоци, продолжи рочиштето за случајот со Југослав Николовски кој беше прегазен на пешачката патека на кејот на Вардар. Обвинителството предложи да бидат одбиени доказите на одбраната на обвинетиот Фатон Љури, а судот прифати дел од нив.









