Поранешна директорка на Здравствениот дом во Делчево, четири месеци по исполнувањето на условите за пензионирање по навршување 67 години, останала на работното место директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево.
-
Македонија 14.11.2025 19:10
-
Македонија 14.11.2025 18:12
ОЈО оформи предмет за Беџети
Јавното обвинителството отвори предмет за пратеникот Блерим Беџети. Од таму велат дека се постапува по кривичната пријава од Финансиската полиција за поранешниот градоначалник на Сарај и актуелен пратеник од ДУИ како и за уште 7-те негови соработници од општината.
-
Македонија 14.11.2025 17:57
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во клинч околу партиските реформи
Венко Филипче не го интересира напредокот на СДСМ, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 14.11.2025 17:39
Изгласан ребалансот на буџетот на Град Скопје тежок 120 милиони евра
Со 37 гласа за советниците го изгласаа прекројувањето на градската каса, тешка над 120 милиони евра. Се кратат околу 900 милиони денари кои претходната градска власт ги планираше за купување нови автобуси за потребите на ЈСП.
-
Македонија 14.11.2025 17:21
Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството
Јавните коментари за работата на судовите ја надминува границата на аргументирана критика и преминува во паушални напади – му одговорија судиите на премиерот Мицкоски кој ги оцени како неажурни, со низок рејтинг и им порача дека ќе останат без зголемени плати.
-
Македонија 14.11.2025 17:06
Одбележани 25 години од основањето на Фондот за здравствено осигурување
25 години се развивал Фондот за здравствено осигурување воведувајќи современи практики за здравствена заштита, но и честопати недоверба кај пациенти коишто чекаат на современи лекови на позитивна листа или лекување во странство.
-
Македонија 14.11.2025 16:51
Откриени 10 непотребни кардиохируршки интервенции
Кај десетмина пациенти непотребно биле направени кардиоваскуларни операции во приватните болници-утврдила Интерната комисија што ја формираше министерот за здравство, по алармот на кардиохирургот Сашко Кедев дека се вршат интервенции без медицинска индикација, за поголем профит.
-
Македонија 14.11.2025 16:32
Одреден притвор за насилник кој со нож нападна малолетник во Скопје
СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот.
-
Македонија 14.11.2025 16:02
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина, на Универзитетската клиника за очни болести беа изведени вкупно девет трансплантации на рожница, поставувајќи нови стандарди во офталмолошката грижа во
-
Македонија 14.11.2025 15:56
Андоновски: Работиме на проекти кои значат олеснување на животот на граѓаните
Министерството интензивно работи на повеќе проекти чија цел е директно олеснување на животот на граѓаните и подобрување на пристапот до јавни услуги, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во ТВ гостување.










