Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлог за издавање казнен налог против 23 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 04.05.2020 14:11
-
Македонија 04.05.2020 13:19
Потврдени 7 нови случаи на Ковид- 19, оздравени 47 пациенти, почина едно лице
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.
-
Македонија 04.05.2020 12:55
Хеликоптер на МВР се урна на аеродромот во Скопје, еден лесно повреден
Полициски хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот.
-
Македонија 04.05.2020 11:56
Од компликации од коронавирус почина Драган Вучиќ
Познатиот музичар и ТВ-водител Драган Вучиќ (65) почина утрово од компликации со Ковид-19, потврди министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Вучиќ се лекувал на Инфективната клиника во Скопје, а имал проблеми со дијабетес подолго време.
-
Македонија 04.05.2020 11:40
МТСП: Во тек е исплата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец 04/2020 година:
Гарантиран детски додаток
Детски додаток
Посебен додаток за месец 05/2020
ЕПП за новороденче
-
Македонија 04.05.2020 10:48
Спасовски: Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев
„Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко“- напиша на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.
-
Македонија 04.05.2020 10:38
За непочитување на полицискиот час обвинети 30 лица во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 30 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 04.05.2020 10:13
МЗ: Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести
Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата, информира Министерството за здравство.
-
Македонија 04.05.2020 09:52
МВР: 55 лица не ја почитувале забраната за движење, 45 приведени
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
-
Македонија 04.05.2020 09:35
Сто и седумнаесет години од загинувањето на Гоце Делчев
Во земјава денеска се одбележуваат 117 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. Делегации на државни институции, здруженија и граѓани во чест и сеќавање на Делчев ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.








