Денеска во Канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ беа подготвени и испорачани првите пакети наменети за граѓаните кои се најмногу погодени од епидемијата на коронавирусот, со што започна проектот „Волонтираме за солидарно општество“, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
-
Македонија 24.04.2020 14:40
-
Македонија 24.04.2020 13:09
Нови 26 случаи со Ковид-19, еден починат, 36 излекувани
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови.
-
Македонија 24.04.2020 13:00
Влада: Јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од Ковид- 19
Владата на Република Северна Македонија објави Јавен повик https://vlada.mk/node/21153 за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот КОВИД – 19 за време на вонредната состојба.
-
Македонија 24.04.2020 12:13
Побарани парични казни заради прекршувања на полицискиот час во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за определување казнени налози против осум лица, кои ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.
-
Македонија 24.04.2020 11:19
Османи: Со европската донација ги зајакнуваме капацитетите на здравствениот систем за борба против Kовид-19
Како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби, денес во Скопје пристигнаа 12 машини за асистирано дишење - респиратори, како и пет илјади заштитни маски „N95“.
-
Македонија 24.04.2020 11:17
Владата ќе одржи седница
Владата на Република Северна Македонија денеска во 13 часот ќе одржи седница, која ќе се одвива преку видео-интернет комуникација, соопштуваат од владината прес- служба.
За заклучоците од седницата, од владината прес- служба ќе информираат со соопштение по нејзиното завршување.
-
Македонија 24.04.2020 09:58
Во изминатото деноноќие 33 лица не ја почитувале забраната за движење
Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 24.04.2020 09:42
Опомени, па казни за граѓаните кои не ја почитуваат мерката за задолжително носење заштитна опрема
Најпрвин опомена, а потоа и казни ќе добијат оние граѓани кои не ја почитуваат мерката за задолжително носење на заштитната опрема за носот и устата, која заедно со мерката за олеснување на ограниченото движење, почна да се применува од вчера.
-
Македонија 23.04.2020 21:19
Министерот Филипче е негативен на коронавирус
Министерството за здравство информира дека резултатот од тестирањето за КОВИД-19 на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче е негативен.
Според проценката на епидемиолозите, министерот Филипче не беше во ризик, но сепак тој одлучи да остане во самоизолација.
-
Македонија 23.04.2020 20:47
Тестот за коронавирус на премиерот Спасовски е негативен
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.








