Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира дезинформациите изнесени во некои портали поврзани со наводна расправија околу забраните за движење за време на првомајските празници.
-
Македонија 27.04.2020 15:00
-
Македонија 27.04.2020 14:34
Нови 13 случаи на Ковид- 19, четири лица починаа, оздравени уште 53 пациенти
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19. По градови: Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4, соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 27.04.2020 14:23
Предложени парични казни за уште петмина битолчани заради прекршување на полицискиот час
Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против уште пет лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 27.04.2020 12:59
Локално невреме од задутре, сабилизација за викенд
Локален дожд кој наместа ќе биде пороен со грмежи и засилен ветер се очекува веќе од среда во попладневните часови. Претпладне, според прогнозата, ќе биде сончево и топло.
-
Македонија 27.04.2020 12:53
Клиниката за инфективни болести доби „УВ Гард“ за дезинфекција од вируси и бактерии
Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, денеска доби „УВ Гард“ - уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, со цел зајакнување на условите во оваа установа каде се сместени и се лекуваат пациентите кои се заразени и позитивни на коронавирус,
-
Македонија 27.04.2020 12:26
Граѓаните да се воздржат од резервации за авиобилети, на сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на аеродромите
На сила сѐ уште важи Одлуката за затворање на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”. Тоа значи дека сѐ додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен.
-
Македонија 27.04.2020 10:30
Ќе се санкционира неносењето заштитна опрема
Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести денеска до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема – маска или прекривка на устата и носот во насока на заштита од ширењето на коронавирусот, да почне веднаш истиот ден или најдоцна во вторник.
-
Македонија 27.04.2020 10:20
МВР: 88 лица не ја почитувале забраната за движење, 76 приведени
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (26/27.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 88 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следу
-
Македонија 27.04.2020 10:06
Поведена постапка против 34 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 34 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 27.04.2020 09:55
МТСП: Први мај неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2020 година (петок), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.








