Медијаторот Метју Нимиц од вчера е во Скопје. За денеска се планирани средби со македонскиот државно- политички врв. Прва во агендата е средбата со шефот на државата Иванов.
-
Македонија 01.02.2018 10:05
-
Македонија 31.01.2018 15:52
Новиот Клинички центар без конкретна локација
Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ сѐ уште без конкретна локација, нема разговор со италијанската компанија- инвеститор на проектот. Премиерот Заев пред пратениците обелодени дека доколку се гради на нова локација во индустриската зона Визбегово, камен- темелникот ќе биде ставен за пет години.
-
Македонија 31.01.2018 15:45
Во Табановце и Гевгелија за три години згрижени 110.000 деца- бегалци
Исцрпени, гладни, со рани на нозете, со треска и со инфекции, децата- бегалци кои по рутата на Западен Балкан минуваа низ Македонија добиваа помош во транзитните центри.
-
Македонија 31.01.2018 15:26
Битола: 3.000 садници за намалување на загадувањето
Зимава, речиси секојдневно вака е панорамската глетка над Битола. Близината на РЕК Битола, чадот од оџаците на домаќинствата и густиот сообраќај се главните причини концентрацијата на штетните честички на метар кубен во кунтинуитет да биде за неколку пати повисока од дозволеното ниво.
-
Македонија 31.01.2018 15:10
Нимиц: Очекувам добри разговори со Владата
По Атина, посредникот на ОН во разговорите за разликата за името Метју Нимиц пристигна во Скопје. В четврток се средбите со државниот врв. Првата е со претседателот Иванов, па потоа со премиерот Заев, шефот на дипломатијата Димитров, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети.
-
Македонија 31.01.2018 15:02
До крајот на годината ќе се знае дали Македонија ќе влезе во проектот на Гејтс за вакцина против ХПВ
Лани кај 300 жени бил откриен рак на грлото на матката, 150 починале. Оваа смртоносна болест може да се спречи и со вакцинација, наскоро со деветвалентна вакцина.
-
Македонија 31.01.2018 14:51
Влада на РМ: Има политичка волја за решение на разликата за името
„Сега е вистинското време да се изнајде решение за спорот што Грција го има со уставното име на Република Македонија“, став на Владата.
-
Македонија 31.01.2018 14:47
Повисока плата за 10 проценти за припадниците на АРМ, во февруари оглас за нови 375 војници
Покачувањето од 10 насто за сите припадници на Армијата почнува со јануарската плата, а годинава во редовите на АРМ ќе бидат примени и нови 375 професионални војници, најави министерката Шекеринска при посетата на Здружената оперативна команда во кумановската касарна „Боро Менков“.
-
Македонија 31.01.2018 14:26
Водата во Скопје нема да поскапи
Водата во Скопје нема да поскапи, градот со домаќинско работење ќе ги сервисира сите потреби на Јавното претпријатие. Ова е одлуката од седницата на Советот. Градоначалникот Шилегов од дневниот ред ја повлече точката што предвидуваше нова, повисока цена.
-
Македонија 31.01.2018 14:23
Метео: Утре температура до 14 степени, во петок дожд
Сончевото и релативно топло време во поголем дел од Македонија ќе продолжи и утре со услови за појава на магла по одделни котлини.
Во западните делови ќе настапи зголемување на облачноста, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.










