Почнува ракометниот мундијал во Франција. Македонската машка репрезентација по петти пат е на светските првенства, а Македонската телевизија првенството ќе го пренесува до 29-ти јануари.
-
Македонија 11.01.2017 15:12
-
Македонија 11.01.2017 15:07
Од утре температурата во благ пораст
Ниски температури под просекот и денеска во земјава. Во жолта фаза е речиси цела Македонија, освен Полошкиот регион кој е во портокалова, информираа надлежните. Според УХМР, од утре температурата во благ пораст. Од петок, дневните температури над нулата.
-
Македонија 11.01.2017 14:21
Снегот ги спаси од катастрофа есенските посеви во Пелагонија
Снежната покривка ги спаси од мрзнење есенските посеви во најголемата житница. Без природниов изолатор, културите не ќе можеа да одолеат на студениот бран, посебно на синоќешните -22 степени, вели земјоделецот Митат Исмаиловски.
-
Македонија 11.01.2017 14:02
Дојранско Езеро оковано во мраз
Поларниот студ предизвика, Дојранско Езеро, и натаму да е оковано во мраз. По површината на езерото може слободно да се чекори, велат Дојранчани, а мразот достигнува десетина сантиметри дебелина.
-
Македонија 11.01.2017 13:18
Укината забраната за камиони на Плетвар и Ѓавато
Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на на планиските превои Плетвар и Ѓавато, информира ЈП Македонијапат.
Забраната е укината во 12:50 часот.
-
Македонија 11.01.2017 13:09
РСБСП: Зимски совети за безбедност на пешаците во сообраќајот
Движете се по тротоарот секогаш кога е можно, а ако не е, користете го крајниот лев раб од коловозот и следете ги возилата кои ви доаѓаат од спротивната страна.
-
Македонија 11.01.2017 13:05
Стартува ракометниот мундијал: Македонското знаме на Триумфалната порта во Париз
Почнува ракометниот мундијал во Франција. Македонската машка репрезентација по петти пат е на светските првенства. Македонското знаме вчера беше на Триумфалната порта, каде што домаќинот во центарот на Париз ги претстави учесниците на шампионатот.
-
Македонија 11.01.2017 11:48
70 камиони заглавени на Евзони, Грција не дозволува влез поради лошите временски услови
Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција на преминот Евзони. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска не им е дозволено да ја преминат границата, соопштува МВР.
-
Македонија 11.01.2017 11:41
Пунктот во Момин Поток отворен 24 часа до завршување на студениот бран
Пунктот за бездомни лица во Момин Поток ќе биде отворен 24 часа до завршување на стидениот бран, за прифаќање на лицата кои имаат потреба да бидат згрижени во деновите кога температурите паѓаат под нулата.
-
Македонија 11.01.2017 11:39
Забрана за камиони на Плетвар
Воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Плетвар, информира Автомотосојузот на Македонија.
Забраната е воведена во 10:30 часот.









