Нов снежен бран со многу ниски температури повторно ја зафати Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
-
Македонија 10.01.2017 13:03
-
Македонија 10.01.2017 12:52
Укината забраната за камиони на Стража
Од 12:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Претходно, во 11:45 часот беше укината и забраната за сообраќај за камиони на планинскиот превој Плетвар.
-
Македонија 10.01.2017 12:37
Советодавен комитет: Интегрирано општество и повеќејазичен систем на образование
Главната констатација на Советодавниот комитет е дека „општеството останува длабоко поделено, со малку размена меѓу двете најголеми етнички заедници, Македонците и Албанците“.
-
Македонија 10.01.2017 11:23
Целосно обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран
Целосно е реализиран проектот за обнова и конзервација на црквата „Свети Пророк Илија“ од 19 век, која е своевиден симбол на градот Дојран, информираат од Министерството за култура.
-
Македонија 10.01.2017 10:33
Во Маврово 68 сантиметри снег
Во Маврово утрово е најстудено, -20 степени, и има најмногу снег, 68 сантиметри.
-
Македонија 10.01.2017 10:26
Град Скопје: На градските улици и булевари фрлени 250 тони сол
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлија 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица.
-
Македонија 10.01.2017 08:17
Препораки за заштита од студеното време: Бремените и хронично болните да не одат на работа
Според препораките на здравствените власти, бремените жени и хронично болните лица над 60 години поради екстремно ниските температури и денеска треба да бидат ослободени од работа, а за работите на отворено да се реорганизира работното време.
-
Македонија 10.01.2017 07:58
Коловозите со остатоци од снег, се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. Како што соопшти АМСМ, поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
-
Македонија 09.01.2017 16:41
Студеното време го наполни пунктот за бездомници „Момин поток“
Починатиот 68- годишен бездомник веројатно е првата жртва на поларниот студ. Ова се првичните претпоставки. Телото е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта која ја пријавил негов пријател, исто така, бездомник. Полицијата разговарала и со синот на починатиот.
-
Македонија 09.01.2017 16:03
Продолжуваат превирањата во ССМ
Членовите на четирите грански синдикати кои пред една недела беа исклучени од ССМ излегоа на протест затоа што не им било дозволено да влезат во зградата на синдикатите.









