-
Македонија 03.10.2025 13:27
Потребно време за разгледување на досиејата
Петнаесетина пријави за испитување неосновани кардиохируршки интервенции стигнати до ФЗОМ, доставени се до комисијата во Министерството за здравство. Се чека извештајот. Ќе треба ли да се менува нешто во законските решенија. -
Македонија 03.10.2025 13:21
Работничката правда е право, а не привилегија
Се одржува Текстилијадата во Штип. Годишна платформа за активизам и граѓански дијалог со акцент на работничките права и социјалната правда.
Известува Славица Величковска.
-
Македонија 03.10.2025 13:17
Одобрено обвинението за пожарот во „Пулс“
Кривичниот суд во целост го одобри обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62-ца. Ќе им се суди на 37 обвинети кои се товарат за тешки дела против општата сигурност. Името на судијата кој ќе ја води главната расправа ќе биде познато идната недела.
-
Македонија 03.10.2025 12:10
Трајков: Проектите и идеите за кои зборуваме денес ќе ја создадат нашата иднина утре
Заменик-министерката за европски прашања, проф. др. Викторија Трајков денеска присуствуваше на регионалниот семинар во организација на UNECE што се одржува во Скопје.
-
Македонија 03.10.2025 11:40
Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потпиша Меморандум за соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св.
-
Македонија 03.10.2025 10:57
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 4 степени и има најмногу снег, 26 сантиметри.
Како што информира УХМР, висината на снежната покривка е 16 сантиметри во Лазарополе, 12 во Маврови Анови, шест во Ѓуриште и три сантиметри во Дебар.
-
Македонија 03.10.2025 09:32
Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, информира АМСМ.
-
Македонија 03.10.2025 08:54
Продолжува предизборната кампања
Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните. Но, се заоструваат реториката и меѓусебните обвинувања.
-
Македонија 03.10.2025 08:39
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово - Леуново - Бунец во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово - Леуново - Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ.
-
Македонија 03.10.2025 08:31
Српскиот премиер Мацут во работна посета на земјава
Српскиот премиер Ѓуро Мацут доаѓа во работна посета на земјава. Во Владата ќе има средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.










