Урбаниот хаос, хуманото живеење, сметот, загадениот воздух се во топ петте приоритети на коалицијата „Искуство за успех“. Претседателката на ЛДП Моника Зајкова уверува дека доколку мандатот за градоначалник, како и во општинските совети им се довери на нив ќе инсистираат на резултати.
-
Македонија 03.10.2025 17:41
-
Македонија 03.10.2025 17:33
Митинг на Националната алијанса за интеграција во Шуто Оризари
Националната алијанса за интеграција на митинг во Општина Шуто Оризари.
-
Македонија 03.10.2025 17:29
СДСМ одржа митинг во Општина Аеродром
Ставаме крај на ѓубрето и отровниот воздух, Аеродром не смее да се претвори во скопска депонија, туку скопска гордост порача пред граѓаните кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Трајановски.
-
Македонија 03.10.2025 17:26
Канализација и колектори, приоритети за Касами
Во населбата Вон вардарска и комплексот Тетекс кон Урбан блок 59 до новиот колектор за атмосферски води ќе се гради канализација близу 2, 5 километри, ветува кандидатот за градоначалник на општина Тетово од „Вреди“, Касами.
-
Македонија 03.10.2025 17:24
Левица од Велес ја започна кампањата за локалните избори
Со пораката од Рацин, „Сепак ќе победиме“ носителот на советничката листа на Левица, Димче Ацков, го започна обраќањето од граѓанскиот собир во Велес. Порача дека како членови на Советот ќе се борат против непотизмот, тендерското работење, да го разобличат и откријат за јавноста.
-
Македонија 03.10.2025 17:14
Сто милиони евра за развој најави ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Кочани
На трибина насловена „Иднина за Кочани“ ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата на својот кандидат за градоначалник и на советниците на Кочани. Акцентот е ставен на проекти за закрепнување после трагедијата во март, во вложување во инфраструктура и развој на градот и регионот.
-
Македонија 03.10.2025 17:05
Одобрено обвинението за пожарот во „Пулс“, ќе им се суди на 37 обвинети
37 обвинети за стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“ седнуваат на обвинителна клупа. Ќе им се суди за тешки дела против општата сигурност.
Советот за оценка го одобри обвинението, а со главната расправа ќе раководи судијката Диана Груевска – Илиевска.
-
Македонија 03.10.2025 16:52
30 години од обидот за атентат врз Глигоров
Пред 30 години на 3-ти октомври беше извршен обид за атентат врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата.
-
Македонија 03.10.2025 16:16
Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда
Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа Меморандум со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
-
Македонија 03.10.2025 14:29
Јанев: Безбедноста на ИКТ системите не е само техничко, туку стратешко и општествено прашање
Директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев учествуваше со свое излагање на 7. Западнобалкански дигитален самит кој се одржува во Скопје од кој Македонија испраќа силна порака за регионална соработка и заедничка дигитална иднина.










