Шпанија

Сеута: Најголем дел од мигрантите се вратија во Мароко

01.08.2026 11:08

Како можни причини се посочуваат дезинформациите на социјалните мрежи и тешката економска состојба во Мароко, а за тврдењата дека зад кризата стојат САД или Израел, засега нема докази.

Најголем дел од лицата што влегоа во шпанската автономна територија Сеута, се вратиле во Мароко.

Како можни причини се посочуваат дезинформациите на социјалните мрежи и тешката економска состојба во Мароко, а за тврдењата дека зад кризата стојат САД или Израел, засега нема докази.

Според шпанското министерство за внатрешни работи, во Сеута во четвртокот влегле околу 50.000 луѓе. Според претседателот на локалната власт, Хуан Хесус Вивас, бројката била повисока, односно околу 60.000, што е еднакво на речиси 70 насто од постојаното население на градот.