Приведени „директори“ за измама со дозволи за вршење меѓународен превоз на лица
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против шест лица за сторени кривични дела “помагање“ и “измама“ околу издавање дозволи на фирми за вршење меѓународен превоз на лица.
Како што соопшти МВР, станува збор за Д.Ј. (31) од Тетово и А.Т.Т. (31) од Скопје, за измама, како и за С.Т. (37), С.Т. (33), двајцата од Скопје, Е.И. (33) и Ј.Ј. (38) двајцата од Тетово, за помагање.

Oд страна на судија во претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор во траење од осум дена. При тоа, А.Т.Т., С.Т. и С.Т. се пронајдени и предадени во Истражен затвор - Скопје, додека Д.Ј., Е.И. и Ј.Ј. се во бегство.