Со квалитетна терапија до нормален живот за ХИВ позитивните лица

27.10.2014 16:50

Со ХИВ вирусот може да се живее нормално.Пример за тоа е и Бенџамин Колинс од Англија...

Повеќе од 30 години, колинс живее со ХИВ. Поради раното откривање на позитивниот статус, останал жив. Mногумина од неговите пријатели починале. Иако и тој спаѓал во групата со голем ризик, сепак со соодветна здравствена грижа и ефективна терапија успеал да се извлече.

„Јас имам пристап до комбинирана терапија, тоа значи дека јас не можам да претставувам извор на инфекција за мојата околина. Преку истражувања е докажано дека терапијата е всушност превенција. Тоа единствено може да се постигне доколку луѓето имаат пристап до комбинираната терапија за ХИВ и доколку навремено се тестираат“, вели Бенџамин Колинс, меѓународен активист на полето на ХИВ.

Заболените со ХИВ во земјава имаат пристап до терапија. Минатата година буџетот за оваа намена се зголеми речиси трикратно. Но според невладиниот сектор проблем е одржлива и квалитетна терапија. Решение гледаат во поголема конкуренција на пазарот на антиретровирусни лекови како и групни набавки на лекови со повеќе земји од регионот.

„Тоа овозможи оваа година Клиниката за инфективни болести да може да спроведе посеопфатна и успешна набавка, меѓутоа сеуште останува проблемот со начинот на кој се планираат средтсвата, сеуште останува проблемот дека најголем дел од лековите кај нас воопшто не се регистрирани“, рече Андреј Салих, извршен директор на „Заедно посилни“.  

Македонија е со најниска стапка на ХИВ во регионот и Европа. Иако за осум месеци бројката на заболени е 31, за разлика од лани кога за цела годнина имаше 27 случаи.

Андирјана Атанасовска