Чашка

„Ронтис“ со нова пракса на доближување до работниците

27.10.2014 19:24

Работодавачите се поблиски до работниците. За прв пат фабриката за производство на медицински помагала „Ронтис“, интервјуата за вработување со можните кандидати ги направи надвор од фабриката лоцирана на излезот од Велес. Граѓанскиот сервис во општина Чашка беше местото каде еден спроти друг седнаа работодавачот и можните вработени.

Елизабета Јовановска  е една од стотината жени  кои денеска беа на интервју за вработување кое фабриката за медицинска помагала „Ронтис“ го организираше во Граѓанскиот сервис на општина Чашка. Оваа мајка на две малолетни деца се надева дека среќата овој пат ќе и се насмевне.

„Моите очекувања се да имам плата да имам егзистенција, да допринесам за моето семејство бидејки мојот сопруг е невработен“, вели Јовановска.

 45 проценти од невработените лица во општина Чашка се жени. За многумина ова е првата шанса за работно место.

„Мене ми е прв пат да аплицирам за вакво работно место.“

„Очекувам да бидам вработена, тоа многу значи за моето семејство.“

„Сите што сме тука го окенуваме тоа, во денешно врема се бара работа“, велат анкетираните кандидати за вработување.

За прв пат „Ронтис“ организира средба со можни кандидати за вработување надвор од фабриката. Велат ова е добар пример да видат и тие како котираат како работодавачи помеѓу оние кои бараат вработување.

„Сите луѓе кои дојдоа на интервју доколку ги исполнуваат нашите стандарди доколку небидат вработени веднаш ќе бидат земени во предвив во наредниот период“, рече Љубица Јаневска од „Ронтис“.

Првиот чекор е најтежок, велат од локалната самоуправа, најавувајки дека и во иднина ќе се фокусираат можните работодавачи да ги донесат во општината.

„Со сето  ова придонесуваме што помал број на невработени останат кај нас, оти Општината е рурална средина и на пазарот на труд излегуваат оние кои не се бават со земјоделие и немаат приватен бизнис“, рече Горанчо Пановски, градоначакник на општина Чашка.

Ронтис, е македонско-швајцарска компанија за производство на медицинска помагала наменети за странските пазари. Во погоните во моментов вработени се околу 400 лица. Платите се исплаќаат редовно, почетната е повисока од со закон загарантираната во Македонија.

Дијана Иванова