Почна судскиот процес за двојното убиство кај Зоолошка

29.10.2014 15:56

По седум години почна судскиот процес за двојното убиство кај Зоолошката градина. Обвинетиот Ѓорги Топаловски рече дека не се сеќава како ги убил Андреј Филип и Новица Благојевиќ кои претходно со тупаници и клоци го истепале.

Планирал со сопругата да побегне во Србија, поради, како што рече постојаните закани што ги добивал. Убиените му барале 10 илјади евра, но како што рече не за намирување на долг и лихва, туку како гаранција дека ќе го остават на мира.

Критичниот ден не зне од чиј пиштол пукал ниту како стасал до гаражата во Карпош 4 кадешто го оставил автомобилот.

Со лажни документи преку Ниш стигнал до Доминиканската република каде бил уапсен пред две години и неодамна екстрадиран.