Железницата добива модерен лик
Нов лик добива Железничката станица во Скопје. Овие мрачни ходници ќе бидат минато. Особено ќе се промени првата мрачна слика која странските туристи ја имаат за Скопје, градот којшто добива современа и европска железничка станица...

Градежниците на терен. Уриваат дел од железничката станица со децении оставена на забот на времето. „Се секавам кога ја градевме во седумдесетите, оттогаш е само кукла во излог со стара облека“ – се присети еден од повозрасните работници кој не сакаше да говори пред камерата. За пет-шест месеци, до април се очекува градежните работи да завршат.
Нов лик добива Железничката станица во Скопје. Овие мрачни ходници ќе бидат минато. Особено ќе се промени првата мрачна слика која странските туристи ја имаат за Скопје, градот којшто добива современа и европска железничка станица.
Се радуваат и патниците, оние што дел од денот минуваат во возовите. А за да дојдат до перонот мора да ги поминат темните ходници. Велат и новите патнички композиции ќе го оживеаат железничкиот сообраќај кој долги години трпи загуби.
„Многу се нечисти, никакви се за патување, ладни... дефинитивно треба да се заменат... Се надеваме дека со новите вагони ќе биде поубаво“, велат патниците.
Се подновува возниот парк. Со новите возови ќе се зголеми капацитетот за превоз на патници, современи и модерни ќе стигнат следното лето.
Веќе се произведуваат и новите патнички вагони кои треба да пристигнат наредната година. Тие ќе патуваат на реконструираните пруги од Коридорот 10.
И новите товарни вагови се бенефит за компаниите и железницата. За набавка се потрошени 13,2 милиони евра.
„Едениот тип се отворени вагони кои се наменети за превоз на руди, јаглен, растресита стока, а другиот тип се вагони од рамен полато тип за превоз на контењери за металната индустрија“, објаснува директорот на МЖ Транспорт, Оливер Деркоски.
По три децении ова е првата голема набавка на вагови за Македонски железници.
Овој вид на товарен вагон е приспособлив на пругите низ Европа. Со новиот лик на железничката, со новите возови и вагони, со инвестициите во пругата, железницата полека но сигурно ќе се приближи до модерниот сообракај во европските земји.
Лука Андреев
