Ветеринарите бараат продолжување на рокот за пријавување на субвенции
Ветеринарната комора бара продолжување на рокот за пријавување на субвенциите за овците и за козите. Наместо до 15-ти мај фармерите стадото да го пријавуваат до 30-ти јуни поради подобро извршување на обврската за пребројување и вакцинирање на добитокот...

Поради презафатеноста со вакцинацијата на краварските фарми, Ветеринарната комора бара рокот за пријавување на субвенции за овци и кози да се пролонгира до 30-ти јуни, наместо од 15-ти мај. Образложение е дека подоцна ќе можат поквалитетно да ја завршат обврската за дијагностика, за вакцинација против бруцелоза и попис на вкупниот број на добитокот.
Ветринарите во моментов се ангажирании со вакцинација на говедата против болеста „јазлеста кожа“, а поради краткиот рокот за пријавување за субвенции истовремено треба да почнат и со активностите во овчарските и козарските фарми.
Според ветеринарите ова се повторува секоја година и сметаат дека мора да има доволно време за коректно да ги завршат прегледите за дијагностика и вакцинација кои се вршат паралелно со пописит на животните.
Ветеринарните лекари уште на 12-ти март годинава побарале рокот за субвенции за овци и кози да биде до 30-ти јуни 2018-та, но сѐ уште немаат добиено официјално известување.
Методија Трајков
