Македонија очекува безусловна препорака
Македонија според изјавите на дипломати од Брисел ќе добие препорака за почеток на преговорите за членство, но исто така ќе биде нотирано да се продолжи со исполнувањето на реформските приоритети.

Во Европскиот парламент во Стразбур денеска ќе биде соопштен најновиот извештај на Европската комисија за Западен Балкан. Македонија според изјавите на дипломати од Брисел ќе добие препорака за почеток на преговорите за членство, но исто така ќе биде нотирано да се продолжи со исполнувањето на реформските приоритети.
Според дописникот на МИА од Брисел, во извештајот ќе пишува дека Македонија ја надминала длабоката политичка криза, се поздравува работата на земјава, особено во подготовката на стратегиите за законодавството и се бара од опозицијата да се вклучи во реформскиот процес.
И премиерот Заев и шефицата на европската дипломатија и одбрана, Могерини очекуваат добри вести за земјава, според сработеното.
