Димтиров: Регионот треба да го фати возот кој се движи во насока на евроинтеграцијата
Никој не тврди дека градењето на европската демократија е чесно, но ова е можност за регионот да биде дел од возот што се движи кон евроинтеграцијата. Ова го изјави македонскиот министер за надворешни Димитров во говорот во Белград, по повод декадата од формирањето на Европскиот фонд за Балканот.

Се надевам дека ќе имаме чиста препорака за отпочнување преговори за членство во Европската унија, порача синоќа шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во обраќањето пред учесниците на регионалната конференција по повод 10- годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот во Белград.
„Во последниот извештај на Фридм хаус за нациите во транзиција беше наведено дека Македонија е земја, кај која е забележан најголем демократски пробив во Европа. Беше кажано, земјата е мала, но можностите се големи, што двојно го зголеми моето ниво на адреналин и ентузијазам“, рече министерот Димитров.
Тој додаде дека земјите од регионот често пати сакале да бидат жртви и да ги обвинуваат другите за нивните прашања.
„Виновни ни се соседите, Брисел, никој не нè сака. Сè е во наши раце, никој не кажа дека градењето на европската демократија е лесно. Регионот треба да го фати возот кој се движи во насока на евроинтеграцијата“, нагласи Димитров.
На конференцијата беше преставена и „Декларацијата за партнерството меѓу Европа и Балканот“, визионерски документ за иднината на Балканскиот регион. Идеа на Декларацијата е 15 години по Солунскиот самит, ветувањето за прошитувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност, преку сериозна работа, заложба и искрен и транспарентен однос на сите страни.
За време на конференцијата, Димитров оствари повеќе средби и разговори, како со Флориан Бибер, директор на Центарот за југоисточни европски студии при Универзитетот во Грац, со Кристоф Бендер, претседател на реномораниот тинк тенк-Иницијативата за европска стабилност, како и со директорката на ЕФБ- Хедвиг Морваи.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
