Формирана Група „Охрид“ за поддршка на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

24.04.2018 17:05

Составена e од професионалци со успешен политички бекграунд, меѓу кои е и Лорд Џорџ Робертсон, како и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Карл Билд, поранешен премиер на Шведска, Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атлантскиот совет на САД и Зоран Чичак, советник за надворешни работи.

Составена неформална група наречена „Охрид“ која ќе помогне во интегрирањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Составена e од професионалци со успешен политички бекграунд, меѓу кои е и Лорд Џорџ Робертсон, како и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Карл Билд, поранешен премиер на Шведска, Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атлантскиот совет на САД и Зоран Чичак, советник за надворешни работи.

„Ние сме големи пријатели на Македонија, еден вид на тинк- тенк, извор на информации, знаење засновано на нашето искуство. Не сме тука да се мешаме во внатрешните работи, немаме некоја задскриена агенда, туку да бидеме пријатели на Македонија. Нашите совети ќе бидат посветени на премиерот Заев и на коалициската Влада, но ќе бидеме достапни и за опизицијата и за претседателот на Република Македонија, да работиме заеднички и да и помогнеме на оваа земја“, изјави Робертсон.

„Активностите на групата и на одделни нејзини членови, кои ставија печат со нивната дипломатска кариера и дадоа поддршка за нашите напори за изградба на демократска, стабилна и просперитетна држава. Тие се тука да го поддржат нашето членство во ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев.

Оваа неформална група ќе претставува поддршка за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО, сѐ со цел државата да стане важен фактор за стабилност во регионот.