До крајот на годинава ќе се формира Фонд за лекување на деца во странство

04.05.2018 14:52

поред државниот секретар во ресорното министерство, Владимир Милошев, станува збор за независно тело, но процедурата останува иста, потребно е конзилијарно мислење од соодветната клиника.

До крајот на годинава ќе се формира дополнителен финансиски фонд за лекување на деца во странство до 18 години. Според државниот секретар во ресорното министерство, Владимир Милошев, станува збор за независно тело, но процедурата останува иста, потребно е конзилијарно мислење од соодветната клиника.

„Го разработуваме начинот на функционирање на тој фонд и сме во преговори со ФЗОМ, каде како две институции ќе бидеме инволвирани во формирањето на овој фонд. Верувам дека до крајот на годината ќе ги имаме првите форми на оваа институција која ќе биде исклучително наменета за лекување на децата во странство“, изјави Милошев.

Државниот секретар во ресорот здравство вели, ова е потребно бидејќи буџетот на ФЗОМ е ограничен, па често се собраат донации на социјалните мрежи.