Закуп на државно земјиште во Свети Николско
Во Свети Николе под закуп се нудат 900 хектари државно земјоделско земјиште. Огласот е наменски за земјоделско производство и за рибници. Парцелите се поголеми од три хектари, a изборот на закупецот е по пат на електронско јавно наддавање.

900 хектари во 10 блокови државно земјоделско земјиште од некогашниот комбинат Џумајлија во околината Свети Николските села се нудат под закуп.
Времетраењето за користење на земјиштето е различно.
Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, површините ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.
Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на огласот.
На јавниот оглас секој понудувачот треба да достави само еден образец, а може да аплицира за едне, две или повеќе парцели.
Почетната цена е во зависност од големината на земјиштето и се движи од 2 300 до 20 600 евра.
Огласот ќе трае 60 дена од објавувањето, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.
Методија Трајков
