Манчевски: Ангажманот на Шаќири за советник е избор на премиерот

08.05.2018 12:19

Советниците си ги избира премиерот. Надоместокот за Џезаир Шаќири е договорен меѓу него и Кабинетот на шефот на Владата, вели министерот Манчевски. Тврди- за разлика од порано, бројот на советници е значително намален...

Ангажирањето на Џезаир Хоџа за надворешен советник во кабинетот на премиерот Заев е негов личен избор, вели министерот за информатичко општество и администрација, Данјан Манчевски. Тврди дека бројот на советниците е значително намален во споредба со предходниот период, а некои биле ангажирани и без никаков финансиски надоместок.

„Надоместокот којшто се договорил за Џезаир Шаќири е договорен меѓу него и Кабинетот на премиерот така што нема ниту нешто чудно во ова, ниту е тоа нова пракса. Напротив значително е намален бројот на советници и за разлика од порано кога советниците биле многу повеќе плаќани, сега некои од нив, работат без никаков финансиски надоместок“, истакна Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу најновиот список за ангажирање на 56 советници во Владата, министерот Манчевски рече дека во овој случај воопшто не се работи за администрација, туку за советници на премиерот.