Пендаровски: Македонија ги исполнува условите за НАТО, но ако не добие покана ќе се соочи со предизвици

10.05.2018 12:41

Ако не добие покана на претстојниот Самит на НАТО во јули, Македонија ќе се соочи со предизвици во меѓуетничките односи и економијата, вели националниот НАТО координатор, Пендаровски.

Македонија ги исполнува условите за НАТО како и во 2008-ма, но, ако не добие покана на претстојниот Самит во јули, ќе се соочи со предизвици во меѓуетничките односи и економијата, вели националниот НАТО координатор, Пендаровски.

„Ако не добиеме покана за влез во следниот период, предизвик за Република Макеоднија, наспроти нечии катастрофални предвидување, нема да биде да го сочуваме територијалниот интегритет и суверенитет, бидејќи такви закани нема, туку ќе биде повторно на планот на развојот на демократските институции и се разбира натамошниот економски развој, особено од аспект на странските инвестиции, кои многу послесно доаѓаат во земји кои се дел од еден широк и стабилен безбедносен режим“, изјави Пендаровски.

Од Канцеларијата на северноатланската алијанса во македонија велат- сѐ уште има место за нови знамиња пред новото седиште на НАТО во Брисел.