Краварските фарми мора да ги исполнуваат европските стандарди
Само 20 проценти од краварските фарми во Македонија ги исполнуваат европските стандарди. Поголемиот дел се од втора категорија кои со мали вложувања ќе можат да се прилагодат на новите построги барањата. 10 отсто од нив, доколку за 2 години нема да ги подобрат хигиенските услови нема да можат да го продаваат млекото.

Од досега контролираните 1.500 фарми со молзни крави во Македонија, само 20 отсто се прва категорија и ги исполнуваат еропските стандарди за квалитет на суровото млеко.
Најмногу од нив или скоро 70 проценти, се втора категорија. Овие фарми, според Агенцијата за храна и ветеринасртво имаат мали недоследности кои брзо и лесно може да се надминат со помош и со едукација.
Процесот на одредувње која фарма спаѓа во која категорија според условите кој ги поседува за производство на квалитетно млеко и хигиена треба да заврши до 2020 година. Целта е подобрување на квалитетот на суровото млеко според бројот на бактерии и соматски клетки, согласно европската регулатива.
Сите фарми што нема да ги исполнат критериумите и што ќе влезат во трета категорија, нема да можат да го предаваат млекото за откуп и натамошна преработка. Фармите од втора категорија, пак, ќе можат да го предаваат млекото само за негова преработка во сирење.
Методија Трајков
