Метео: Променливо време за викендот
11.05.2018 15:20
Максималната температура се очекува да достигне до 28 степени.

Првиот ден од викендот во поголем дел од Македонија ќе донесе сончево време со умерена облачност. Попладне ќе има услови за поретка појава на локален дожд и можни грмежи.
Максималната температура се очекува да достигне до 28 степени.
Во недела ќе преовладува променливо облачно време, со појава на нестабилност на повеќе места во попладневните часови проследена со врнежи од дожд.
Променливите временски услови ќе продолжат и во наредниот период без поголема температурна промена.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
