Нова средба Заев- Ципрас на 17-ти мај

14.05.2018 10:14

Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер...

Нова средба Заев- Ципрас на 17-ти мај во Софија на самитот ЕУ- Западен Балкан. Ова завчера го најави посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц по состанокот со министрите за надворешни на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас.

Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер. Првата се одржа во јануари во швајцарски Давос.