Политика

Заев подготвен за лидерска средба, но кога сите ќе се вратат во земјата

14.05.2018 14:24

Заев нагласи дека уште вчера имало информација дека стојат на располагање, но за лидерска средба сите учесници треба да бидат во земјата, а претседателот Иванов е во Турција, додека министерот за надворешни работи е во Хаг.

Премиерот Заев изјави дека е подготвен за лидерска средба, но, кога сите учесници ќе се вратат во земјата. Тој рече дека денеска е можна средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ доколку постои интерес.

Заев нагласи дека уште вчера имало информација дека стојат на располагање, но за лидерска средба сите учесници треба да бидат во земјата, а претседателот Иванов е во Турција, додека министерот за надворешни работи е во Хаг.

Денеска, по овој настан, подготвен сум да одржам состанок со шефот на опозицијата, доколку тој заклучи дека треба да го има. Тие побараа лидерска средба, а како ќе одлучат јас им стојам на располагање, да ги информирам пред да одиме на средбата во Софија, а, секако, подготвен сум и по Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија да ја свикам лидерската средба, кога на неа би биле сите присутни. Но, повикот е на шефот на опозицијата, а јас стојам на располагање во координација со него, така и да ја организираме средбата- нагласи Заев.