Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за случајот „Тотал“

14.05.2018 15:34

Адвокатката на Латас истакна дека без транскриптите нема да можат да концепираат воведни говори.

Новинарот Драган Павловиќ- Латас ги доби транскриптите од 14 прислушувани разговори за случајот „Тотал“ што како доказ ги предложи Специјалното обвинителство. Адвокатката на Латас истакна дека без транскриптите нема да можат да концепираат воведни говори.

Судот, исто така одлучи како доказ во процесот да се користи и вештачењето на Павле Гоцов направено по налог на СЈО.

Во случајот „Тотал“, освен за Латас, обвинение има и за три фирми на кои новинарот се јавува како сопственик или управител. Се товарат за даночни малверзации во периодот од 2008-ма до 2015-та година.

Наредната главна расправа е закажана за 30-ти мај.