Разговори за името
Средба Заев- Ципрас во Софија
17.05.2018 08:02
Средбата меѓу премиерите Заев и Ципрас изминатите денови се најавуваше како клучна во процесот на решавање на спорот за името...

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, денеска во Софија ќе ја имаат својата втора тет-а-тет средба. Новата средба меѓу двајцата премиери ќе се одржи на маргините на самитот ЕУ- Западен Балкан, на кој ќе се расправа за европерспективите на земјите од регионот.
Средбата меѓу премиерите Заев и Ципрас изминатите денови се најавуваше како клучна во процесот на решавање на спорот за името. Последните изјави, и од македонска и од грчка страна, сепак, се проткаени со воздржаност за тоа дека токму оваа средба ќе вроди со конечен договор за името.
