Собрание на РМ
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската седница
23.05.2018 14:36
Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница.

По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница. Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница.
Претходно Собранието не ги изгласаа измените на Законот за акцизите, предложен токму од опозицските пратеници. Опозицијата бараше враќање на старата ставка на акцизата на гаснотот масло, која според нив ќе значи намалување на трошоците. За СДСМ вакавата мерка би била популистичка. Новата акциза не го олеснува џебот на граѓаните- велат Социјалдемкратите.
