Собрание на РМ

Одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата

23.05.2018 15:58

Одбиен е предлогот на ВМРО- ДПМНЕ за измени и дополнувања во Законот за акцизи. Опозицијата бараше враќање на старата ставка на акцизата на гаснотото масло, која според нив ќе значи намалување на трошоците. За СДСМ, ваквата мерка би била популистичка...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара намалување на цената на акцизата за дизелот и враќање на старата цена. Како што беше речено, тоа ќе значи намалување на трошоците за граѓаните.

Вакавата мерка е популистичка, одговорија од СДСМ. Од говорницата тврдеа дека новата цена на акцизата не го олеснува џебот на граѓаните. Од мнозинството посочија дека цената на бензините не е повисока споредбено со предходните години.

Откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија пленарната сала, се дебатираше за годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедување, унапредување и заштита на човековите слободи и права.

Извештајот содржи и забелешки на сметка на фундаменталните права, образложи народниот правобранител Иџет Мемети. Владејачкото мнозинство даде зелено светло за извештајот, бидејќи кореспондирал со реалената состојба.

 

Марина Стојанова- Тонева