ВМРО-ДПМНЕ: Судот го спроведе тоа што Зоран Заев го напиша

23.05.2018 16:13

Видовме во живо како функционира политички суд и како се изрекуваат политички пресуди, реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по изрекувањето на пресудата за случајот со набавката на блиндираниот мерцедес...

Судот го спроведе тоа што го напиша Заев, видовме во живо како функционира политички суд и како се изрекуваат политички пресуди, реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по изрекувањето на пресудата за случајот со набавката на блиндираниот мерцедес. Се виде на дело непринципиелниот брак помеѓу власта на Заев и судот.

Бенефиците од овој брак сега се во корист на Заев, но многу брзо ќе се свртат против него, рече потпретседателот на партијата Николоски. Потернцира дека судот не го интересираат ниту докази, ниту факти, ниту аргументи, туку дека го интересира само реализацијата на политичките нарачки на Зоран Заев и СДСМ за пресметка со неистомислениците, смета Николоски.

„Во време кога  власта прифаќа секакви отстапки, во време кога граѓаните се сведоци на масовен грабеж, осиромашување и пад на економијата, судот  ја прифати улогата на изршител на наредбата за дефокусирање од вистинските проблеми и сеење на страв меѓу сите кои мислат поинаку. Во овие три дена, македонската јавност се убеди дека во Македонија се водат чисто политички монтирани процеси. Правдата има двојни аршини“, изјави Александар Николоски.

Во време кога граѓаните се сведоци на масовен грабеж, осиромашување и пад на економијата, судот ја прифати улогата на извршител на наредбата за дефокусирање од вистинските проблеми и сеење на страв меѓу сите кои мислат поинаку, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е пресуда која има повеќе цели, додаде Николоски- меѓу другото сѐ што е постигнато во време на Никола Груевски да се засени и тој да биде политички дисквалификуван.

Откако ја слушнаа пресудата за „Тенк“ пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија пленарната сала. Немаше официјално образложение дали е знак на револт, или пак незадоволство од текот на седницата.

 

Миле Ристески