Собрание на РМ

Џафери: Парламентите да работат транспарентно и да бидат отворени за граѓаните

29.05.2018 12:59

Наскоро етичкиот кодекс ќе се најде пред пратениците. За ова спикерот Џафери ги информираше новинарите, како и за Законот за употреба на јазиците, кој не е потпишан од претседателот Иванов. Владината коалиција ќе реши кога актот ќе биде доставен до Службениот весник...

Претседателот на Собранието, Џафери вели дека во овие 27 години парламентарна демократија, направени се квалитетни чекори со кои Собранието станало дел од современиот демокрастски свет. Според него, парламентите се темел врз кој се гради и се развива демократско општество, во кое чековите права и слободи се врниот принцип. Парламентите треба да работат тренспарентно и да бидат отворени за граѓаните и невладиниот сектор, рече Џафери.

„Во овие 27 години парламентарна демократија направени се квалитетни чекори со кои Собранието на Република Македонија, а со тоа и нашата држава, станува дел од современиот демократски свет“, изјави Џафери.

Американскиот амбасадор Бејли ја потенцира потребата од градење силни институции. Вели дека Парламентот има клучна за промовирање отчетност и отвореност на сите државни институции. Според него, програмите за демократско партнерство што САД го гради со 21 држава, меѓу кои и со нашата, ќе придонесат кон зајакнување на контролната и надзорната функција на македонското Собрание.

„Парламентарците играат клучна улога во воспоставување на структурите и нормите што ги присилуваат институциите и функционерите да бидат отворени, инклузивни и отчетни“, истакна амбасадорот Бејли.

Конференцијата се одржува со поддршка на Собранието на Македонија, а како парнтери во проектот се Националниот демократски институт, Републиакнскиот меѓународен институт, како и УСАИД.

 

Игор Панов