Политика
Иванов не е информиран за рамката за името
29.05.2018 13:05
Нема информации за последните две средби на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, одржани во Брисел и во Њујорк, велат од Кабинетот на претседателот...

Досега до Кабинетот на претседателот никој нема доставено информации за договорената рамка за надминување на разликата за името, соопштуваат од Кабинетот на Иванов.
Нема ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, одржани во Брисел и во Њујорк.
Кабинетот на претседателот известува дека Иванов не е запознаеен ниту со работата на правните тимови, со што се врши селективно информирање на шефот на државата.
