Шекеринска: Македонија и ЕУ не смеат да ја пропуштат сегашната можност

29.05.2018 13:28

Вицепремиерката Шекеринска е во Париз на Годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни работи...

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска е во Париз на Годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни работи. Порача дека Франција им е потребна на Македонија и на регионот. Посочи дека Владата е цврсто решена да не бега од решавањето на проблемот со името.

„Верувавме дека решавањето на проблемите дома и со соседите е најкусиот пат до почнување на преговори за членство во Европската унија и во НАТО. Кога првпат застанавме на патеката на ЕУ, слушнавме дека Европската комисија и Европската унија се строги, но фер. Она што го гледаме денеска е дека Европската комисија и Европската унија се строги, но полни со сомневања. Македонија не може да ја пропушти оваа можност, но се надевам дека и ЕУ нема да ја пропушти оваа можност. Статус-кво никогаш не е опција за Западен Балкан, или ќе одиме напред или ќе се вртиме во круг со истите проблеми“- изјави Шекеринска.