Метео: Температура до 32 степени

29.05.2018 15:22

Во четврток се очекува слично време, а од петок како и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 32 степени.

Попладне во западните и јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во четврток се очекува слично време, а од петок како и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска