Најголем дел од гласачките места непристапни за лицата со посебни потреби
Резултатите од двегодишното истражување за време на предвремените парламентарни избори на здружението „Инклузива“ од Куманово покажаа дека во голем процент гласачки места се неприспособени според потрбите на лицата со посебни потреби. Потпишан е меморандум за соработка со Државната изборна комисија, а денеска во Битола беше организирана и регионална работилница со претседателите и замениците на Општинските изборни комисии.

Во голем процент гласчките места се непристапни за лицата со посебни потреби, стои во извештајот на здружението „Инклузива“ од Куманиово, од двегодишното истражување за време на предвремените парламентарни избори. Велат, проблемите се комплексни. На гласачките места лицата од избирачките одбори не поседуваат вештини за комуникација. Тука се и несоодветните едукативни материјали, како и најгорливиот пристапот до објектите на гласачките места.
„Во Полошкиот и Северо-источниот регион 64 проценти од гласачките места се непристапни. Не се работи само за лицата во количка, туку и оние со некоја друга попреченост“, вели Благица Димитровска од здружението „Инклузива“.
Недостатоци кои ги потврдуваат и од општинските и Државната изборна комисија, која со ова здружение потпиша меморандум за соработкаи заеднички организираат работилници за надминување на актуелните проблеми.
„Имало такви случаеви каде доаѓале со придружба најчесто, но и нашите претсатвници им помагале“, вели претседателот на ОИК Битола, Зоран Насев.
„За време на локалните избори ги скениравме сите избирачки места и констатациите се потврдија. До надлежните поднесовме соодветен документ за решавање на проблемот“, вели претставникот на правната служба на ДИК, Неда Гацова.
Председателкаата на „Инклузива“ сопшти дека и седиштата на политичките партии се непристапни за овие лица и нивно учество во политичкиот живот.
Стевче Митревски
