Од 12 случаи на напади врз новинари, само еден не е расчистен
Министерството за внатрешни работи изработи извештај за прецизно утврдување на нивото на кое се наоѓаат истрагите за случаи за напади врз новинари за периодите од 2013 до јуни 2017 и 2017 до денес со цел да се утврди динамиката на спроведување на оперативните истражни дејствија во службите на МВР.

Дванаесет напади на новинарски екипи се пријавени во МВР од минатиот јуни до сега. Од нив само еден случај останал нерешен. За да се постигне правдата -поднесени се кривични и прекршочни пријави, опомени, а на дел од новинарите им е оставена и можност – правда да добијат преку приватна тужба.
Во периодот пак од 2013-та до јуни 2017-та биле регистрирани 47 случаи за напади на претставници од седмата сила. Без разврска останале дури 15. Најмногу, вели ресторниот министер, поради отсуство на докази.
Најмногу пријави имало во Скопје – 29 и во Охрид 14.
Анита Димитријевска
