Болните од Мултипла склероза бараат пристап до нови лекови
Болните од Мултипла склероза бараат непречен пристап до новите лекови и унапредување на дијагностичките процедури. Сведочат дека често талкаат низ институционалните лавиринти. Имаат проблемии при вработувањето...

Наташа Црвенковска од Битола 16 години живее со Мултипла склероза. Вели дека воопшто не ѝ е лесно, работа нема, пензија тешко се остварува. Болеста прогресира, па пред една година почнала да користи и оропедско помагало.
Лидија Велјановска речиси половина од својот живот се бори со мултипла склероза. Вели, тешко ја прифатила дијагнозата, но со текот на годините научила да живее со таквата состојба. Најтешко и паѓаат институционалните лавиринти низ кои секојдневно поминуваат.
МС-от е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана и дегенеративна болест на централниот нервен систем. Често се споредува со ненајавен гостин што доаѓа кај вас дома со багажот и никогаш не си оди. Најпредвидлива карактеристика на МС-от е непредвидливоста, велат лекарите.
Лицата со Мултипла склероза со кампања ќе ја подигнуваат свеста за проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Бараат унапредување на дијагностичките процедури и неограничен пристап до новите иновативни лекови.
Александра Спировска
