МВР
Опожарено возилото на пратеникот Хари Локвенец
18.06.2018 11:48
Екипа на Територијалната противпожарна единица- Прилеп го изгаснала пожарот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Возилото „Мини Купер“ на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец синоќа околу 23 часот било опожарено од непознати сторители.
Според полицискиот билтен, Х.Л. (48) од Прилеп синоќа во во СВР Битола во 23:05 часот пријавил дека околу 23:00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко.
Екипа на Територијалната противпожарна единица- Прилеп го изгаснала пожарот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Локвенец вчера беше во Преспа на потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција.
