Соработка

Различни ставови во МАНУ за договорот со Грција

18.06.2018 12:41

Академиците со различни ставови за договорот за името со Грција. МАНУ потпиша договор за соработка со Бугарската академија на науките...

Академик Катица Ќулавкова е воздржана во оценувањето на договорот со Грција. Ја поддржува идејата за затворање на деценскиот спор, но смета дека договорот е рестриктивен во однос на Македонија. Според неа, вклученоста на МАНУ во овој процес е задоцнета.

Според професорката Јованка Кепеска, Грција ја исполнила својата цел – целосно присвојување на античкото културно наследство, што е карактеристично за целиот регион, како и бришењето на македоското малцинство во нивната држава.

МАНУ потпиша договор за соработка со Бугарската академија на науките.

„Договорот јасно ја истакнува желбата на двете држави за градење на односи на пријателство и почитување“- рече председателот на МАНУ, Таки Фити. Според него договорот го отвара патот на евроатланските процеси.

Подпреседателот на БАН, Васил Николов порача дека балканските држави се оптоварени со нееднаквиот историски развој , кои често ги ставаат во центарот на светското внимание.

Платформата за соработка ќе содржи реализација на заеднички научни и културно- уметнички проекти, публикации, преводи на дела и аплицирање за проекти од националните и европските фондови.

 

Марина Стојанова- Тонева