Коцијанчич: Македонија засега останува ПЈРМ за ЕУ
Европската унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име, вели портпаролката на ЕК...

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизираше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.
„Договорот е постигнат, објавен и потпишан, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран. Во официјалната комуникација ќе продолжиме да ја нарекуваме оваа земја „Поранешна југословенска Република Македонија“, што беше случај и во досегашната наша комуникација. Двете страни мора да преземат многу чекори, а дотогаш, односно до целосното спроведување на договорот од двете страни, ние продолжуваме да го употребуваме името со кое оваа држава беше примена и во Обединетите нации“- изјави Коцијанчич.
