УХМР

Поројни дождови до крајот на неделата

18.06.2018 14:59

Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

До крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во попладневните часови. Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.

Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.

Како што информираат од УХМР денеска во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени целзиусови.