Собрание

Јавна расправа за националната стратегија за деинституционализација

18.06.2018 15:20

Во Собранието, јавна расправа за нацрт националната стратегија за деинституционализација. Штитеничка од заводот во Демир Капија раскажа за секојдневнието, УНИЦЕФ со објаснување на концептот...

Над двесте деца, помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство се згрижени во институции. Штитеничка раскажа за својот живот во Заводот во Демир Капија.

Од УНИЦЕФ објаснуваат- деинституционализацијата треба да ги поттикне граѓаните да згрижуваат деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување, исполнето со љубов.

До 2020-та година е предвидено сите деца на возраст до три години да се извлечат од институциите и да бидат сместени во мали групни домови, згрижувачки семејства или во друга форма на соодветно сместување.

Меѓу заклучоците, да се инвестира во подобрување на квалитетот на алтернативни решенија за згрижување на деца.

 

Игор Панов