ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието за Договорот со Грција
19.06.2018 12:50
Како ќе дејствуваат понатаму, ќе одлучуваат партиските органи- додаде Милошоски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието што се однесува на Договоро за името со Грција, изјави на прес- конференција пратеникот Антонио Милошоски. Како ќе дејствуваат понатаму, ќе одлучуваат партиските органи- додаде Милошоски.
Според него, договорот е антиуставен и национално е понижувачки. Договорот не е компромис, туку уцена што некој, како што рече, морал да ја потпише или поради претходни дејствија или за идна награда, нагласи Милошоски.
Обвини за злоупотреба на европското знаменце на Законот, со што биле прекршени сите процедури.
