Протести против договорот со Грција
За време на седницата, пред законодавниот дом протести. Учесниците побара оставка од владата и запалија копија од Договорот со Грција. Велат- нема да дозволиме ова да помине. Според нив, референдум воопшто не треба да има. Од Собранието, заминаа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Повикаа да ги напуштат пратеничките клупи и да им се придружат на протестот...

Паралелно со расправата за ратификацијата на Договорот со Грција, протести пред законодавниот дом. Учесниците велат дека се против ваквиот штетен договор кој викендов го потпишаа Македонија и Грција. Побараа оставка од Владата. Во знак на револт го запалија договорот.
Никој не смее да преговара во име на народот, Македонија е нашето име, идентитет, гордост и историја. Не е потребен референдум, рекоа демонстрантите пред македонското Собрание. Велат, нема да дозволат да помине ваков договор, а поддршка за тоа побараа од претседателот Иванов.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ги примил претставниците на граѓаните кои протестираа. Им соопштил дека ги поддржува нивните протести, но пратениците нема да им се приклучат на улиците, туку ќе дејствуваат институционално за да спречат носење штетни одлуки.
Наташа Гркова- Петрушевска
